Сè поголема глад во Газа: Шестмесечно бебе почина во прегратка на мајка си, фотографии што го потресуваат светот (Фото)

Светскиот програм за храна (WFP) на Обединетите нации предупредува дека секое трето лице во Газа со денови останува без храна, додека недостигот од основни ресурси станува критичен. Според нивните податоци, 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицински третман поради тешка потхранетост.

Палестинските здравствени власти соопштија дека бројот на починати од глад од почетокот на конфликтот достигнал 122. Меѓу нив е и шестмесечната Зејнаб Абу Халиб, која починала во прегратката на мајка ѝ на пат кон болница во јужна Газа.

„Не знам што повеќе да кажам… Колку невини бебиња мора да умрат за светот да се разбуди?“, изјавила мајката.

Израел, кој го контролира влезот на хуманитарна помош, негира дека ја блокира и го обвинува Хамас за кризата. Се разгледува можност за испраќање помош по воздушен пат, што неколку држави како Јордан и ОАЕ се подготвени да го поддржат, но организациите на ОН укажуваат дека тоа е неефикасно и недоволно решение.

Лекари од Министерството за здравство на Газа предупредуваат дека бројот на потхранети деца под пет години надминува 260.000 и бараат итен меѓународен одговор за да се спречи понатамошна хуманитарна катастрофа.

Loading