Посетата на Трамп во Шкотска предизвика масовни протести: Голф, средби и силен отпор на улиците

Американски претседател Доналд Трамп ја започна својата официјална посета на Шкотска, која вклучува престој во голф-ресортот Турнбери, но и средби со британскиот премиер Кир Стармер, шкотскиот лидер Џон Свини и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Иако посетата беше најавена како приватна, таа доби и јасна политичка димензија.

Посетата предизвика масовни протести во Единбург и Абердиншир, каде демонстранти носеа транспаренти „Шкотска не го сака Трамп“, укажувајќи на неговата поврзаност со Џефри Епстајн.

Зад протестите стојат групи, како „Стоп Трамп коалицијата“, активисти за Палестина, активисти за екологија и за ЕУ.

Полицијата на Шкотска спроведе голема безбедносна операција со над 5.000 ангажирани службеници и засилени мерки. Трошоците за безбедноста ќе ги покријат даночните обврзници, што предизвика критики од опозицијата.

Шкотскиот премиер најави дека ќе разговара со Трамп и за хуманитарната криза во Газа, барајќи подобар пристап за помош на цивилите. И покрај економските придобивки од посетата, протестите во Шкотска се сè погласни.

Loading