Германска министерка со остро предупредување: „Ќе мораме да работиме подолго и понапорно, пензија за сите нема да има!“

Министерката за економија и енергетика на Германија, Катерина Рајхе, упати силна порака до јавноста дека во услови на драматични демографски промени, Германците ќе мора да се помират со реалноста: работниот век мора да се продолжи, а трудот да се зголеми.

„Поради демографските промени и растечкиот животен век, продолжувањето на работниот век станува неизбежно. Ќе мораме да работиме повеќе и подолго,“ изјави Рајхе во интервју за германски медиуми.

Според неа, не е одржлив моделот во кој две третини од животот луѓето го поминуваат работејќи, а потоа една третина живеат од пензија.

„Предолго игнориравме што навистина се случува со населението. Да, постојат луѓе кои физички се изморени од тешка работа, но има и многу такви кои би можеле и сакале да продолжат со работа,“ вели министерката.

Таа нагласува дека Германија е во сериозно заостанување во споредба со некои други индустриски држави.

„Во САД, просечно се работат околу 1.800 часа годишно, додека кај нас само 1.340. Тоа покажува дека производниот труд ни е недоволен, а системите за социјално осигурување сѐ повеќе се преоптоварени.“

Министерката предупредува и дека дури ни реформите предвидени со коалицискиот договор на новата влада нема да бидат доволни на долг рок.

„Системите за социјално осигурување се под сѐ поголем притисок. Комбинацијата од парафискални трошоци, даноци и одбитоци прави трудот во Германија да стане неконкурентен,“ рече таа.

Loading