Милиони луѓе во САД се соочуваат со опасност од потенцијално разорен цунами, откако силен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот брег на Русија, во близина на полуостровот Камчатка.
Сирените за предупредување од цунами веќе се огласени на Хаваи, а жителите се повикани на итна евакуација од крајбрежните подрачја. Целиот островски синџир се подготвува за можниот удар на цунами-брановите, соопштија локалните власти.
Покрај Хаваи, под официјално предупредување се ставени и граничната зона меѓу Калифорнија и Орегон, додека за останатиот дел од Западниот брег на САД важат засилени мерки на претпазливост, пренесуваат американски медиуми.
Според проценките, првите бранови на цунамито би можеле да стигнат до Калифорнија околу 3 часот изутрина по локално време.
HNL Alert: 04:11 PM 07-29-2025 – HNL Alert: Tsunami Warning remains in effect – Take Action! Destructive tsunami waves expected. Tsunami refuge areas available. EVACUATE coastal areas in PRIMARY EVACUATION ZONE. Map: https://t.co/HOBzCPgLO7 pic.twitter.com/YqrXpZ8dHI
— Oahu Emergency Mgmt. (@Oahu_DEM) July 30, 2025
Во соопштение од Центарот за управување со вонредни состојби на Оаху, се вели:
„Останува во сила предупредувањето за цунами – преземете мерки веднаш! Се очекуваат разорни бранови. Обезбедени се зони за прибежиште. Напуштете ги крајбрежните делови во ПРИМАРНАТА ЕВАКУАЦИСКА ЗОНА.”
Американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа Трут сошал им порача на граѓаните: „ОСТАНЕТЕ СИЛНИ И БЕЗБЕДНИ.“
На Хаваи, жителите се снабдуваат со вода и основни намирници, додека е прогласена вонредна состојба. Интернет снимки покажуваат хаотичен сообраќај на патиштата во Хонолулу, каде граѓаните се обидуваат да стигнат на повисоки терени.
Националната гарда е подготвена да се вклучи во евакуацијата и спасувањето, а се распоредени и хеликоптери. Но, гувернаторот предупреди:
„Ако ве зафатат брановите, најверојатно нема да можеме да ве спасиме.“
Според податоците на Геолошкиот завод на САД (USGS), епицентарот на земјотресот се наоѓал 135 километри југоисточно од Камчатка, Русија, и е регистриран како шестиот најсилен земјотрес во историјата, и најсилен во последниве 14 години, по катастрофалниот земјотрес во Јапонија во 2011 година, кога загинаа или исчезнаа речиси 20.000 луѓе.
![]()

