Речиси два милиони луѓе се евакуирани од источниот дел на Јапонија поради закана од цунами, откако силен земјотрес го погоди рускиот полуостров Камчатка, јавуваат јапонските медиуми.
Whoahhhhh! Videos showing the shaking from the M8.7 earthquake that hit off the coast of Kamchatka, Russia 😱👀😱 pic.twitter.com/Q5dYAstWil
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) July 30, 2025
Епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 20 километри, а последователно е издадено предупредување за цунами долж пацифичката обала на Јапонија – од Хокаидо до Вакајама.
Според првичните податоци, постои ризик од бранови високи и до три метри, а во одделни региони веќе се регистрирани бранови високи 1,3 метри.
Јапонските власти досега евакуирале околу 1,9 милиони жители, а локалните медиуми пренесуваат снимки на кои се гледа како граѓани се собираат на покриви и високи места во очекување на следните упатства.
Цунамито предизвика значителни прекини во железничкиот и авионскиот сообраќај во погодените крајбрежни области. Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба најави дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за заштита на населението и нареди на надлежните министерства веднаш да постапат за ублажување на последиците од можниот удар.
Властите повикуваат граѓаните во ризичните зони да останат на сигурно и да ја следат состојбата сè додека е на сила предупредувањето за цунами.
![]()

