На југот на Франција беснее шумски пожар од рекордни размери, ангажирани се над 2.000 пожарникари, евакуирани илјадници луѓе, а премиерот предупредува: „Ова е директна последица на климатските промени.“
Стотици жители беа евакуирани од своите домови во департманот Од, на југот на Франција, каде што трет ден по ред беснее шумски пожар од невидени размери. Според информациите на локалните власти, во трагичниот инцидент загина жена на возраст од 65 години, а тројца се водат како исчезнати.
Вкупно 13 лица се повредени, меѓу нив двајца цивили и единаесет пожарникари, јавува францускиот медиум BFM TV. Ситуацијата останува критична, и покрај благото намалување на интензитетот на огнот.
EN IMAGES – Les soldats du feu face à un monstre.
Vidéo spectaculaire de la situation dans l’#Aude, où les pompiers de France combattent depuis maintenant 24h le plus gros incendie du 21ᵉ siècle avec des flammes incontrôlables. (InfOccitanie) pic.twitter.com/x4Kiip8Hb8— Infos Françaises (@InfosFrancaises) August 6, 2025
Вчеравечер, биле отворени привремени прифатни центри во 17 општини со капацитет за сместување на 1.759 лица. Пожарникарските и спасувачките служби се максимално ангажирани на терен, а од локалната управа велат:
„Сите расположливи копнени и воздушни ресурси се мобилизирани.“
Во најинтензивниот момент на пожарот, на терен биле распоредени 2.100 пожарникари со 500 возила. Од воздух биле извршени 130 интервенции со фрлање вода врз огнените јазици.
Властите истакнуваат дека евакуацијата е стандардна заштитна мерка во вакви околности, и апелираат до граѓаните да ги следат инструкциите на службите.
И покрај тоа што огнот делумно го намалил интензитетот, неговото ширење продолжува, а за денеска се најавени дополнителни операции за гасење на критичните подрачја. Според официјалните податоци, ова е најголемиот шумски пожар во Франција од 2006 година, откако се води систематска евиденција на вакви настани, и најсериозниот пожар за медитеранскиот дел од земјата од 1970-тите години.
![]()

