Советот за безбедност на ООН ќе одржи итна седница дене (на 9 август, сабота), по одлуката на Израел да ја „преземе контролата над Газа“, што предизвика широка осуда.
Според информации добиени од агенцијата Анадолу во петок, барање за итна седница поднеле постојаните мисии на Велика Британија, Данска, Франција, Грција и Словенија.
Дипломатски извори велат дека седницата ја поддржале сите членки на Советот за безбедност, освен Панама, која моментално претседава со Советот, и САД.
Состанокот се очекува да се одржи денеска во попладневните часови.
Овој потег следи откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рано во петокот го објави планот за целосна окупација на градот Газа.
Израел веќе се соочува со растечка осуда и гнев поради Газа, каде од октомври 2023 година загинале повеќе од 61.000 лица. Воената кампања сериозно ја уништи енклавата и доведе до смрт од глад и недостиг на храна.
![]()

