Трамп со федерална забрана за транс хирургија за малолетници во САД: Извршната наредба веднаш стапува во сила!

Новата извршна наредба ја отвори најжестоката дебата за правата на транс заедницата во САД.

Американски претседател Доналд Трамп донесе федерална одлука со која се забранува користење на јавни средства за медицински интервенции што предизвикуваат трајни физички промени кај лица под 18 години.

Досега, неколку сојузни држави веќе имаа слични ограничувања, но со оваа наредба забраната добива национална важност и веднаш стапува во сила.

Поддржувачите на мерката сметаат дека таа ги штити младите од импулсивни одлуки за што би можеле да зажалат подоцна во животот. Но, критичарите предупредуваат дека одлуката може сериозно да го загрози менталното здравје на трансродовите малолетници, оставајќи ги без пристап до неопходна медицинска и психолошка поддршка.

Одлуката веќе предизвика лавина реакции во американската јавност, отворајќи прашања за границата меѓу заштитата на децата и ограничувањето на човековите права.

Loading