Неверојатна прилика за брза заработка: Европејците масовно одат на работа во австалиските рудници

Сè повеќе млади Европејци откриваат необичен начин за брза заработка, работа во австралиските рудници, позната како FIFO (fly-in, fly-out). Со привремени работни визи, младите се вработуваат како чистачи, возачи на камиони или помошрн персонал во оддалечени рударски кампови, каде што поминуваат недели во пустина пред да бидат со авион вратени во Перт на заслужен одмор.

Атрактивните плати, сместувањето и храната вклучени во договорот го направија овој начин на работа вистински вирусен тренд меѓу младите ширум Европа.

Една од најпознатите FIFO инфлуенсерки е Јане Д’Хуветер од Белгија, која во 2023 година стана вистинска ѕвезда на овој тренд со своите видеа на Тик-ток за животот во рударскиот камп. Нејзините видеа инспирираа многу други млади Европејци да пробаат работа во оддалечени рударски кампови.

Статистиките го потврдуваат растот на интересот: во 12 месеци до јуни 2024 година се издадени 1.414 работни визи за странци вработени во рударскиот сектор, додека претходната година бројката била помала, до 500 визи. Повеќето апликанти доаѓаат од Европа.

Високи плати, но тежок живот

Платите на некои рударски позиции надминуваат 100.000 австралиски долари годишно, а сместувањето, храната и транспортот се вклучени во договорот. Ова им овозможува на работниците да ги заштедат речиси сите заработени пари, кои потоа можат да ги користат за патувања по Бали, Југоисточна Азија или за инвестиција назад во сопствената земја.

Сепак, работата во пустината не е лесна. Вклучува долги смени, физички напорни задачи и изолација од градскиот живот. Искусните работници предупредуваат дека конкуренцијата расте, а до работа не е лесно да се дојде без препораки и квалитетно Си-ви. Дополнително, истражувањата покажале случаи на сексуално вознемирување во некои рударски кампови, а „брзите водичи“ за работа што се продаваат онлајн често се измами.

Loading