Скандал во Италија: Порно сајт објави монтирани фотографии на премиерката Мелони

Познати жени од италијанскиот јавен и политички живот станаа жртви на дигитално насилство, меѓу нив и премиерката на Италија.

Експлицитни фотографии на премиерката на Италија, Џорџа Мелони, и на други јавни личности се објавени на сајт за возрасни.

Италија е потресена од голем скандал откако сајтот за возрасни „Phica“ објави дигитално обработени експлицитни фотографии на познати жени. Меѓу жртвите се премиерката Џорџа Мелони, лидерката на опозицијата Ели Шлеин, актерката Паола Кортелези и инфлуенсерката Кјара Ферањи.

Фотографиите биле преземени од социјалните мрежи и други јавни извори, а потоа обработени така што прикажуваат сексуални пози или нагласени интимни делови на телото. Тие биле објавени во „VIP“ делот на сајтот, придружени со вулгарни и мизогини коментари од корисниците.

Претседателот на Сенатот Игнацио Ла Руса го осуди сексизмот на интернет и изрази очекување дека сите одговорни за овој случај ќе бидат идентификувани и соодветно казнети.

Loading