Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека во Агенцијата за вработување процентот на невработени е навистина се уште висок, но 93,4 проценти од невработените се функционално неписмени, или значи дека нивните вештини не одговараат на пазарот на трудот.
– Конечно мислам дека е дојдено време сите да се освестиме дека мораме да се менуваме и да бидеме активни чинители на пазарот на трудот, секој колку што може да придонесе, а тоа значи реквалификација, преквалификација, менување на навиките за работа, истакна Битиќи.
Според него, работа има, барање за работна сила има, но погрешните политики 30 години не дале резултат т.е. произведувале работна сила којашто не одговарало на пазарот на трудот.
Дополнително загрижувачки од денешниот извештај е тоа што процентот на тие коишто сега имигрираат за разлика од тие што имигрирале пред 20 или 25 години е со пообразовна структура, значи со високо образование наместо, како што било пред 25 или 30 години, каде што тие што имигрирале биле со пониско образование.
– Ова навистина е загрижувачки.. Треба да видиме како активно да ги вклучиме, не велам да ги вратиме, да ги вклучиме за да ја креираме иднината на нашите млади генерации, подвлече Битиќи.