Ламбе Алабаковски е осуден на шест месечна условна казна

Ламбе Алабаковски, кој пред неколку месеци го подмета пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, е осуден на условна казна од шест месеци.

Според информацијата која ја доби „Нова Македонија“ од Основниот суд во Битола, Алабаковски, кој го призна делото, согласно чл. 288 став 1 од КЗ е осуден на алтернативна условна осуда со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело.