Бугарското МНР реагира на исвиркувањето на химната: Скопјани се во однесуваат во контраст со европските принципи

Читаност: 6
Време:18 Секунди

Бугарското министерство за надворешни работи го осуди исвиркувањето на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија во Скопје.

Говорот на омраза кон Бугарија и Бугарите од трибините на националниот стадион во Скопје е недвосмислена негација на основните вредности на современите демократски општества и е во контраст со европските принципи и норми на однесување, велат оттаму.