Не стивнуваат реакциите од синдикатите и јавноста по објавувањето на владиниот документот за штедење во јавниот сектор.
Освен намалување на платите на административците и јавните службеници, во документот јасно стои дека Владата сериозно го стега ременот.
Тоа, според синдикатот во еден дел претставува и кршење на работничките права и се наметнуваат правила спротивни на основните услови за работа.
Во делот на образовните институции, Владата има намера да го зголеми бројот на паралелки кои наставата ќе ја следат во една просторија, можни се намалувања на висината на стипендиите кои ги добиваат студентите, а ќе се прави и измена во обемот на храната која ја добиваат студентите од студентските мензи.
Рационализиција на расходи во МОН:
– усогласување на бројот на ученици и паралелки со бројот на наставен кадар;
-рационализација на расходите за стипендии преку ревидирање на стипендиите;
-редефинирање на утврдениот систем за остварување на студентскиот оброк;
Од Конфедерацијата на слободни синдикати, во кој членуваат вработени во јавните институции, велат дека доколку Владата ги поништи колективните договори кои ги имаат потпишано вработените, а тие имаат сила на закон, со сигурност платите ќе бидат намалени.
„Очигледно е дека владата не сака да ја исполни својата обврска што ја има од Законот за минимална плата, но и онаму каде што работодавците се осмелиле да потпишат таков колективен договор и да ги подигнат платите пред сè во локалната самоуправа, сакаат да ги намалат“, изјави Благоја Ралповски претседател на КСС.
Целиот текст прочитајте го на Алсат М со клик ТУКА.