ФЕЉТОН: Албански етнички шовинизам, лажни основи – Дел трети

Албански етнички шовинизам, лажни основи – Дел трети

Овој фељтон е статија со популарено – научен и општествено – политички карактер, напишана живо и реалистично од Петар Богојески, национален лидер на политичка партија Македонски Концепт️.

Шовинизмот базиран на етнички основи, создава одговор на иста основа. Акција – реакција ефект, закон на природата. Загрижен за реакцијата, а со желба да се отрезни акцијата, ги објавувам овие фељтони.

Продолжуваме каде застанавме во 2022 година…

Албанскиот етнички шовинизам се користи со лажна историја на некакво си етнички наследство на денешните Албанци од античките Илири, особено на лажното тврдење дека пограничната македонска област Дасаретида била илирска. Вистината е дека таа низ вековите, во кратки периоди потпаѓала под власт на Илирите, но главно била во состав на македонското кралство.

Тоа јасно произлегува од податокот на Исократ (Isoc., Phil., 21, напишано во 346-та год.) кој ги опишува подвизите на македонскиот крал Филип, кој војувал со илирските кралеви во 359/8-та и 356-та год. п.н.е.: „Тој (Филип) стана господар и владетел на мнозинството Илири, освен на оние кои живеат на јадранскиот брег.“

Ова означува дека Македонија за време на владеењето на Филип Втори, се проширила на областите во денешна централна Албанија, освен не врз Таулантите „што живеат на јадранскиот брег“ како што пишува во изворот. Тоа значи дека е погрешно тврдењето на албанската пропаганда дека Дасаретите биле Илири, така што границата на македонската држава во времето на Филип ја поставуваат кај Lychnidos, а не во централна Албанија.

Во прилог на ова треба да се споменат податоците на Демостен, кој многу добро ја знаел состојбата во Македонија и ги предупредувал своите сограѓани Хелените дека Филип гради тврдини кај Илирите.

Диодор запишал дека Филип, кралот на Македонците однел голема победа над Илирите, ги претворил во поданици (hypekooi) сите оние што живееле зад Охридското Езеро и откако склучил одличен мир се вратил во Македонија. (Dem., Phil., I, 48;  Diоd., XVI, 8, 1 и Dem., Olynth., I, 23.)

Со оглед на фактот дека Илирите живееле западно од Македонија, од овој податок јасно се гледа дека Филип ги покорил племињата западно од Дасаретида и дека Охридското Езеро е само општа ознака за смерот на движење. Илирскиот крал Клејтос во 335 год. п.н.е. од Македонците го презел (kateilêpsei) градот Pelion (Arr., Anab., I, 5,5.), денешна Горица / Корча, што значи тој дел од денешна Албанија била етничка македонска територија, населена со етнички Македонци.

Диодор пак запишал дека во 317–та год. п.н.е. Филип III Аридај и Еуридике ја чекале Олимпијада во градот Euia во Македонија, а Euia е град во областа Дасаретија. (Diоd.., XIX, 11, 12; Ptol., III, 32). Нема поголем доказ од тоа што ваков автентичен современик, извор за тоа време, јасно и недвосмислено потврдува дека Дасаретија е дел од Македонија.

Треба да се спомене и тоа дека во Дасаретија македонските монети отсекогаш биле побројни од оние на Dyrrachion, Apollonia, Epeiros. (S. Gjongecaj, Le monnayage macédonien et l’Illyrie du sud, Ancient Macedonia, V/1, Thessaloniki, 1993, p. 489, 491.)

Најрани се монетите на кралот Аминта III (393 – 392 год. п.н.е.), а кованица во Lychnidos (185–168 год. п.н.е.) ковала македонски тип монети –  со македонски штит на реверсот.

Како етничка граница меѓу Илирија и Македонија се толкува еден податок на Страбон, кој колку што знам е единствен кој го толкува кaко административна граница. Од неговиот извор Полибиј, за патот Via Egnatia, стои: ‘‘Впрочем целиот [пат] се нарекува Егнатиа. Првиот [дел] се вика Кандависки според илирската планина, [минува] пред градот Лихнид и Пилон – местото на патот што ја дели Илирида и Македонија. Отаму продолжува до Барнунт и низ Хераклеја и [земјите] на Ликестите и Еордајците кон Едеса и Пела [дури] до Тесалонике.‘‘ (Strabo, Geogr., VII, 7, 4; G. Zippel, Die römische Herrschaft in Illyrien bis auf Augustus, Leipzig 1877, p. 194)

Тоа е до толку премногу уточнето, што во изворот е впишана и административна граница помеѓу Lychnidos (Охрид) и Barnous (Ресен), односно помеѓу Дасаретида и Орестида. Имено на Дасаретите и на Орестите кои во 196 год. п.н.е. биле одземени од Филип V, им била дадена автономија како на римски сојузници.

По римското освојување Илирија била поделена на три дела, а потоа вклучена во провинцијата Македонија. Но меѓу илирските области што биле во склоп на провинцијата Македонија, не се наброени ниту Дасаретија ниту Орестида. (Cic., In Pis., 96.)

Со најновите, особено епиграфските наоди во Мала Преспа се докажа дека тој дел помеѓу двете езера и делот од денешна јужна Албанија и тромеѓе помеѓу денешни Македонија, Грција и Албанија припаѓал на Орестида (неспорно чиста етничка македонска провинција), а со тоа и Голема Преспа (за жал во археолошки поглед рачиси terra incognia), зашто станува збор за една иста географска целина.

Продолжува…