ФЕЉТОН: Албански етнички шовинизам, лажни основи – Дел четврти

Читаност: 140
Време:7 Минути, 7 Секунди

Албански етнички шовинизам, лажни основи – Дел четврти

Овој фељтон е статија со популарено – научен и општествено – политички карактер, напишана живо и реалистично од Петар Богојески, национален лидер на политичка партија Македонски Концепт️.

Шовинизмот базиран на етнички основи, чиј сакал бил и од каде и да доаѓа, се злоупотребува во политички цели на штета на соживотот на македонските граѓани од различно етничко потекло.

Продолжуваме каде застанавме во дел трети…

Античките автори во Дасаретија, чие име од римско време се користи за целата област во западна Македонија, во целост ги демантираат лажните тврдења на албанските квази историчари за наводното илирско присуство на таа територија. Имено, во областа Дасаретија се споменуваат и други племиња (Енгелани, Пенести, Писантини, Калојкини) како и градови, различни од оние за кои пишував во предходните три фељтони.

За нив пишувале низа научници, а квалитетна научна содржина може да се најде кај R. Katičić, Enhelejci, GodCBI, XV/13, 1977, 5-30) N. Proeva, Enchéléens–Dassarètes–Illyriens, sources littèraires, epi­graphiques et archéologiques, in Illyrie meridionale et l’Epire dans l’antiquité, II, Clermont–Ferrand, 1990, Paris 1993, p. 193–195; Н.Проева, За дасаретските племиња (Penestae, Dassaretae, Engeleanes) и местоположбата на градот Uscana во Горна Дасаретида (Sur les tribus dassarètes (Penestae, Dassaretae, Engelanes) et la localization de la ville d’Uscana en haute Dassaretie), Жива Антика, LXIV, 2014, стр. 165 –180, fig. 1–2, résumé p. 180 -181.

За Енхелеите / Енгеланите треба да се спомене податокот на Мнасеа (III век п.н.е.) зачувано кај Стефан од Бизантиј (Steph. Byz., Ethnica (epitome), p. 260.) кој запишал дека името „Engeleanes“ е исто со името „Encheаi“ (Енхелеи). Во овој пасус Стефан пишува дека Енхелеите не се илирско племе, а станува збор за административниот поим на византиската тема Илирик од негово време, што треба да се има на ум кога се користат неговите податоци – во најстарите извори, Енгеланите не се вбројуваат во Илири.

Во изворите од Хекатеј наваму, митски предци на Енгеланите се Encheleas или Enchelis, (Stephanus Byz.., Ethnica (epitome), p. 260, line 13.  Стефан понекогаш го додава и Енхел), затоа најчеста графија на нивното име е Enchelеаi.

Во генеалогијата запишана од Апијан што според неговите зборови најмногу му се допаднала, митскиот предок на Енхелеите е прикажан како син на Illyrios и се вика Enchelea. (App., Illyr., IV, 2; Но како што појаснува проф. Ф. Папазоглу Апијан невешто се служи со изворите и не се снаоѓа кога пишува за историјата на Илирите. (F. Papazoglu, Рelemena, str. 73).

Јасно е дека оваа фантастична генеалогија во која Illyrios е син на киклопот Полифем и на нимфата Галатеја (што би значело дека Илирите се Грци!) и брат на Келт и на Галат, имала за цел да ја оправда освојувачката политика на Римјаните со вклучување на барбарските племиња во грчко–римската митологија.

А кај Аполодор е зачуван податок дека Илириј е син на фојникиецот Кадмо, кој му се родил откако на чело на енхелејската војска ги победии Илирите (Apol. Bibl. III, 5, 4), станал нивни крал и според нивното име го нарекол „својот син“. Ова јасно кажува дека Илирите биле покорени од Македонците на чело со Кадмо, а фигуративно нивното ропство е прикажано како посвојување на „синот“ Илириј.

Митот сака да каже дека Илирите станале дел од неговото кралство, но важно за нас е дека енхелејската војска е македонска, а не илирска, дека војувале помеѓу себе, што никако не оди во прилог на албанските шовинисти кои сакаат да кажат дека тие биле илирски племиња.

илири - албанци

Треба да се укаже дека Псевдо Скилакс (Pseudo Scylax Perieg., 24 – 25,1.) е единствен, кој во IV век п.н.е. споменува племе по име Encheleis после Ризонскиот залив и гробот на Кадмо на р. Дрилон.

Неспорно е дека реката Дрилон / Дрим, во својот долен тек тече и низ илирската земја, а Ератостен ги става гробовите на Кaдмо и Хармонија кај р. Drilon и Аôos (Војуша, Vijosë), што од албанските шовинисти се користи како доказ за илирското потекло на македонското племе. (apud  Steph. Byz., s. v. Dyrachion., Анализа на изворите во кои се споменува гробот на Кадмо M. Šašelj Kos, Famous Kylikes un Illyris, Historia, XLII/2 1993, 247-251.)

Податокот на Плиниј (Plin., III, 139) дека биле либурнско племе е очевидна грешка зашто е во спротивност со сите други изворни податоци.

Јасно е дека најисточно, илирските племиња се населувале во делот на утоката на Црниот и Бел Дрим, кај Кукс денешна Албанија, но тоа е презападно од Дасаретија, за да биде на било кој начин третирано како илирско племе.

Во изворите за доаѓањето на Кадмо во Будва воопшто не се споменуваат Енхелеи туку само Илири (R. Katičić, оp. сit., 27-30) со кои Кадмо владеел откако ги победил заедно со Енгеланите. Јасно е дека станува збор за ширење на легендата за Кадмо и Хармонија, преку р. Дрилон (Дрим), која ги покажува врските со Јадранот и со илирските племиња, кои се наоѓале западно од Дрим.

Истата легенда, ги поврзувала племињата од внатрешноста, со име сродно или произлезено од името на јагулите што ги има во Охридското и Копаидското езеро во Бојотија. За да се прави разлика меѓу нив треба да се користи македонската форма, зачувана од Мнасеа (III, век  п.н.е.) а не хеленската адаптација на името што била вообичаена навика на грчките автори.

Графијата на името на племето со гама (Енхелеи) наместо со аспирираното „kh“ е една од одликите на македонскиот јазик, (H. Hirt, Die Indogermanen, Strasburg, vol. I, 1905, 149–150.), a пaк завршетокот – anes e типичен за горномакедонските племиња. Таков облик – Enchelanes, но со аспириран глас според хеленскиот – атички правопис користи Полибиј, (Polyb., V, 108, 8), кој што е современик на настаните што ги опишува и последен го споменува ова племе.

Овие податоци јасно покажуваат не само дека Енгеланите и Дасаретите не биле Илири, туку и дека Illyrii proprie dicti не го населувале охридско–струшкиот басен, како што некои албански шовинистички историчари се обидуваат да прикажат.

И ономастичките податоци од досега откриените натписи во Дасаретида – западниот дел на Р. Македонија, покажуваaт дека не може да стане збор за племиња со илирско потекло и ја покажува точноста на податокот на Птолемај  (Ptоl., II. 16 и III, 9,1) дека овој дел и припаѓал на провинцијата Македонија.

Бидејќи за делот на Дасаретија што денес и припаѓа на Албанија сеуште нема епиграфска збирка за натписите од оваа единствена географска целина, фељтонот се засновува само врз натписите од делот на областа што денес се наоѓа во Р. Македонија, што сепак е доволно за согледување на состојбата кај Дасаретите.

Зголемениот именски материјал (N. Proeva, Onomastika i etnička struktura zapadnog dela SR Makedonije u antičko doba, God.. CBI, XXIX/27, Sarajevo, 1991, 185–196, resumé 196–196; како и повеќе статии објавени во Зборникот од тркалезната маса : Grecs et Illyriens dans les inscriptions en langue grecque d’Epidamne-Dyrrha­chion et d’Apollonia d’Illyrie, Clermont – Ferrand, 1989, Paris, 1993) овозможува да се проучува и етничката структура на овој крај, кој различни автори го нарекуваат „илирски дел на Македонија“ или „македонски дел од Илирија“, првото заради обидот овие племиња да се прикажат дека се со илирско потекло, а другото затоа што овој дел речиси пет века и припаѓал на римската провинција Македонија.

Од 50 домородни имиња, без да се земат во обзир  римските презимиња и прекари ( nomina и cognomina) посведочени во Охридско–струшкиот регион, во илирскиот ономастикон и тоа во најширока смисла на зборот, може да се вбројат само пет имиња, и само две од 18 имиња во Полог, додека пак во Кичевскиот крај, на досега откриените натписи меѓу петте имиња нема ниедно илирско име. (Н. Проева, Антропонимијата во западниот дел на СРМ во античко време, резиме од рефератот прочитан на собирот ‘‘Грчко – римска антика во Југославија и на Балканот‘‘ , Жива Антика, XXХIX /1–2, Скопје, 1989, стр. 77 – 84; Ead., Студии, стр. 117. Детална анализа на ваквите имиња N. Proeva, Dassaretia et Penestianae terrae à la lumière des études onomastiques, Mélange P. Carlier).

Имињата што се разликуваат од вообичаените се среќаваат не само во овој дел, туку низ цела Македонија и им се припишуваат на Бригите, (F. Papazoglou, Structures ethniques et sociales dans les régions centrales des Balkans à la lumière des études onomastiques, Actes du VII–ème congrès int. d’épigraphie grecque et latine, Bucarest – Paris, 1979, p. 144–169.) кои пак се најстариот слој во етногенезата на Македонците. (Н. Проева, Студии, стр. 24 – 26; 101 – 104.)

Ова неоспорно значи дека, она што албанските шовинисти се обидуваат да го прикажат како илирско и различно од македонското, е всушност најстарото македонско односно бригиско, што во поим ги убива сите апетити на Албанците за западните македонски територии, без разлика што тие немаат никаква врска со античките Илири. Но за тоа во следните фељтони.

Продолжува…