СЕ ОГЛАСИ КРЕМЉ ЗА РАЗВОДОТ НА ВЕКОТ

Кремљ денеска ги демантираше наводите на турските медиуми дека сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма побарала развод и планира да замине од Русија.

Асма Ал Асад (41) инаку ја нарекуваа „Пустинска ружа“, а некои и „Прва дама на пеколот“ пред да падне сирискиот режим.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков исто така негираше оти на Асаф не му е дозволено да ја напушти Москва и оти му е замрзнат имотот.

– Не, тоа не одговара на вистината, истакна Песков.

Турски и арапски медиуми вчера објавија дека Асма Асад, која има британско државјанство, поднела барање за развод. На Асад и семејството им е даден азил во Русија, откако сириските бунтовници на 8 декември го зазедоа главниот град на Сирија, Дамаск.

Loading