(ВИДЕО) УЖАС ВО ЛОНДОН со автомобил влетал во толпа луѓе, има тешко повредени

Британската полиција уапси маж откако синоќа, 45 минути по полноќ, со автомобил удри во пешаци во лондонскиот кварт „Вест енд“.

Тој со автомобилот влетал на тротоар во центарот на британската престолнина, поради обид за убиство.

Во инцидентот повредени се четворица пешаци, кои се хоспитализирани, а еден од нив е во тешка здравствена состојба.

Возачот (31) е приведен под обвинение за обид за убиство.

Полицијата посочи дека станува збор за изолиран инцидент, што не е поврзан со тероризам.

Loading