(ФОТО) ГРАДЕЛЕ ФУШЕРАЈСКИ – ЗАВРШИЈА ВО ЗАТВОР: хотелот со 4 ѕвезди за миг се претвори во гробница

Судот во Турција денеска ги осуди на 18 години и пет месеци затвор сопственикот и архитектот на хотелот „Исијас Гранд“, кој се урна во земјотресот во 2023 година, кога загинаа 72 лица.

Сопственикот на хотелот Ахмет Бозкурт и неговиот архитект Ердем Јилмаз се осудени, додека синот на Бозкурт, Мехмет Фатих, е осуден на 17 години и четири месеци затвор, јави Би-Би-Си.

Тројцата беа осудени за „предизвикување смрт или повреда на повеќе од едно лице од свесно невнимание“.

За Унал Устел, премиерот на турскиот дел на Кипар, „казните се преблаги“, додавајќи дека властите ќе се жалат, пренесе новинската агенција Франс прес.

„Сопствениците на хотелите не ја добија казната што ја очекувавме. Но, сите одговорни за изградбата на хотелот беа осудени, што делумно не израдува“, изјави Устел.

Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија во земјотресот на 6 февруари 2023 година.

Околу 160.000 згради се урнаа или беа сериозно оштетени, додека 1,5 милиони луѓе останаа без покрив над главата.

Турската влада неколку недели подоцна објави дека стотици луѓе се под истрага и дека се уапсени речиси 200 лица, вклучително и градежни изведувачи и сопственици на имот.

Хотелот Гранд Исиас бeше хотел со четири ѕвезди во Адијаман, Турција. Беше уништен за време на земјотрес во февруари 2023 година. 72 лица загинаа вклучително и триесет и пет членови на две одбојкарски екипи од Северен Кипар.

Наводите за корупција доведоа до протести од страна на семејствата на жртвите, а потоа и притворање на сопственикот и менаџерот на хотелот кои сега се осудени.

Loading