(ВИДЕО) Демонстранти во ПАНАМА запалија постер со ТРАМП

Стотици Панамци демонстрираа по повод годишнината од крвавиот бунт во 1964 година против американската власт во Панамскиот канал. Некои демонстранти запалија постер со ликот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој неодамна се закани дека ќе го анектира Панамскиот канал, не исклучувајќи ја употребата на сила за тоа.

„Крвта што е пролеана никогаш нема да биде заборавена“ и „Рацете подолу од Панама“ беа некои од паролите што ги извикуваа демонстрантите на маршот до споменикот на паднатите.

Претходно венец на споменикот положи и претседателот Хозе Раул Молино.

Loading