Американски гувернер колабирал на бината додека држел говор (ВИДЕО)

Колапсот на 77-годишниот заменик гувернерот на Мисисипи, Делберт Хосман, среде говор на пленарната седница на американскиот државен Сенат, предизвика загриженост.

Моментот на колапсот на републиканскиот политичар дури беше пренесуван во живо. На видеото се гледа како Хозман полека почнува да се наведнува кон микрофонот, пред конечно да падне на земја.Веднаш до него биле неговите колеги и други лица, кои почнале да повикуваат помош.

Неколку часа по епизодата што ја доживеа Хозман, тој во објава на Икс изјави „Бев дехидриран, но сега се чувствувам подобро. Благодарен сум на лекарите од Мисисипи и подготвен сум да се вратам на моите обврски. Ја научив лекцијата: секогаш останете хидрирани“, заклучи Хозман, кој беше реизбран за втор мандат во ноември 2023 година.

Loading