Додека едниот дел од светот гори, другиот смрзнува: Студен бран ја парализира оваа туристичка земја со -19 степени и снег на плажите

Додека Европа се соочува со пеколни температури и нови топлотни рекорди, јужниот дел на планетата ја живее сосема спротивната реалност.

Аргентина е погодена од екстремен леден бран кој донесе температури до -19°C, и снег, кој за жал, предизвика најмалку девет човечки жртви во последните десет дена.

Според хуманитарната организација Пројекто 7 која се грижи за бездомници, бројот на луѓе кои живеат на улица нагло расте, како последица на економската криза и недостатокот од институционална поддршка.

Историски ниски температури и снег на плажа

Во средата наутро, во главниот град Буенос Аирес е измерена температура од -19°C, најниската во последните 34 години. Во околината, на аеродромот Ел Паломар, измерени се -7,4°C, најниска вредност во речиси шест децении.

Во приморскиот град Мирамар, околу 450 километри оддалечен од Буенос Аирес, плажите се покриени со снег – феномен што таму не се случил речиси 12 години. Локалните медиуми јавуваат дека снегот е вистинска сензација, бидејќи вакви услови не се паметат од 1991 година.

Во патагонската населба Масинчау, со само 3.000 жители, температурите паднаа до -18°C, а иако не се достигнати рекордните -35°C од 90-тите, состојбата е сериозна.

Планетата на два пола: студ и оган

Додека Аргентина се смрзнува, делови од Европа се борат со топлотни бранови и температури над 42°C. Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Германија и Грција веќе со денови се под аларм поради жештините. Овој драматичен климатски контраст меѓу северната и јужната хемисфера уште еднаш потсетува колку климатските екстреми стануваат сè почести, посурови и понеочекувани.

Светот сè повеќе наликува на планета на два спротивставени краја, додека некои се задушуваат од горештини, други се борат да преживеат во смрзнувачки услови.

Loading