Одлуката на дел од политичките групи во Европскиот парламент за „бришење на македонски јазик и идентитет”, направи трајни и ненадоместливи штети по имиџот на ЕУ кај макединските граѓани, особено етничките Македонци!
Тие, водејќи се од нивните теснопартиски интереси за градење имиџ на “големи борци” пред нивната домашна публика, воопшто не помислија на интересот на ЕУ за проширување на Балканот!
Со ова поведение, го убиваат тој процес! Тоа значи дирекно го помагаат “рускиот интерес” за спречување на европската интеграција и консолидација во овој дел од Европа. Заклучок е дека таквата одлука оди дирекно во полза на руската политика!
Буквално срушен е просторот за дејствување на нас проЕУ политичките активисти во земјава, а отворен е огромен простор за факторизација на антиЕУ политичари и политики!
Политичкиот прагматизам ќе притисне, па голем дел од нас ќе навлезат во водите на ЕУ песимизмот, што ќе доведе до “грузиски резултат” во Македонија!
Во оваа прилика, нема да се осврнам на „потребата од заштита на македонски идентитет”. Тоа го оставам како тема за внатрепартиска и меѓукоалициска дискусија!
ИЗЈАВУВАМ, Македински Концепт и јас како претседател, остануваме на линија на ЕУ реализмот и фундаментализмот, без калкулации за личен или партиски интерес, убедени во реформите во Македонија и ЕУ, како би станале подобро место за живеење на реалниот човек! Убедени во фактот дека европската интеграција во овој историски контекст на 21ви век има употребна вредност за интересите на македонската Кауза! – вели д-р Петар Богојески, претседател на Македонски Концепт.
![]()

