Во централниот дел на американската држава Тексас, силни поплави одзедоа најмалку 51 живот, меѓу кои и 15 деца, додека 27 девојчиња се водат како исчезнати откако водениот ѕид го зафати нивниот летен камп.
Најголемиот број жртви се регистрирани во округот Кер. Спасувачките операции продолжуваат, користејќи хеликоптери, чамци и дронови, со надеж сите исчезнати да бидат пронајдени.
Нивото на водата во реката Гвадалупе нагло се покачи за осум метри за помалку од еден час, носејќи домови и возила.
Гувернерот на Тексас прогласи ден на молитва и најави дека спасувачките екипи ќе работат без престан за пребарување на нови области. Се испитува дали летните кампови и локалното население биле адекватно предупредени и подготвени за оваа катастрофа.
Се очекуваат нови обилни врнежи и упатени се дополнителни предупредувања за поплави. До сега се спасени околу 850 луѓе.
![]()

