Саудискиот фудбалски гигант Ал-Ахли не се откажува од намерата да го донесе Лионел Меси во своите редови. Според повеќе извори, интензивни преговори со неговиот тим се водат веќе неколку недели, со цел да се реализира трансферот веднаш по истекот на неговиот договор со Интер Мајами во декември.
Ако договорот се реализира, Меси и Роналдо повторно би играле во иста лига по седум години откако последен пат ги гледавме заедно во шпанската Ла Лига. Со тоа, Саудиската Про лига би добила историско засилување и огромно внимание пред Светското првенство 2034, чиј домаќин е токму Саудиска Арабија.
И додека Ал-Ахли подготвува понуда што може да ги надмине сите досегашни фудбалски рекорди на Блискиот Исток, Интер Мајами не се откажува лесно – клубот веќе работи на нова понуда за да го задржи својот највреден играч.
Се очекува зимскиот трансфер период да биде под рефлектори, а судбината на Меси да биде една од најжешките спортски теми во светот.
![]()

