Рускиот министер за сообраќај, Роман Старовоит, извршил самоубиство откако претходно денеска беше разрешен од функцијата со указ на претседателот Владимир Путин, јавуваат руските медиуми Известија и REN TV повикувајќи се на извори и Телеграм канали.
Телото на Старовоит било пронајдено во неговиот дом во Одинцово, во московскиот регион. Според наводи на каналот 112, неговото име било споменато во исказите на поранешниот гувернер на Курската област, Алексеј Смирнов, кој веќе е уапсен под обвинение за проневера при изградба на заштитни објекти.
Старовоит беше министер нешто повеќе од една година, а претходно беше гувернер на Курската област, граничен регион со Украина. Кремљ не даде официјално објаснување за смената.
Случајот се случува во контекст на внатрешни предизвици во рускиот сообраќаен сектор, кој се соочува со недостаток на резервни делови и економски потешкотии, вклучувајќи високи каматни стапки и инфлација, дополнително влошени од војната.
![]()

