Во Белата куќа се одржа вечера помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на која клучна тема беше ситуацијата во Појасот Газа и можноста за прекин на огнот.
Трамп изјави дека „САД имаат одлична соработка со соседните земји“ и наговести можни позитивни поместувања:
„Нешто добро ќе се случи“ – рече тој.
Нетанјаху ја пофали визијата на Трамп нарекувајќи ја „блескава“, и потенцираше дека Газа не треба да биде затвор, туку место со слобода на избор:
„Ако луѓето сакаат да останат – нека останат. Ако сакаат да заминат – нека заминат.“
На прашањето за можноста за решение со две држави, Трамп беше воздржан, а Нетанјаху порача:
„Со лидерството на Трамп можеме да постигнеме мир со целиот Блиски Исток.“
Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, изјави дека постои реална шанса за мировен договор во Газа, изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи наскоро.
Во посебен момент, Нетанјаху му врачи на Трамп писмо за номинација за Нобелова награда за мир.
![]()

