Макрон ѝ намигна на Кејт Мидлтон, видеото го обиколи светот: Збунувачкиот „флерт“ предизвика лавина коментари (Видео)

Една  интересна фотографија стана вирална на Интернет на која се гледа францускиот претседател Емануел Макрон како ѝ намигнува на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, за време на гала-вечера во замокот Виндзор.

Во еден момент, тие наздравуваа, а тој ѝ намигна на принцезата. На вечерата присуствуваа и кралот Чарлс, Мик Џегер и Сер Елтон Џон.

Претходно, фотографите го доловија моментот кога при пристигнувањето во Лондон, Брижит ја игнорираше подадената рака на нејзиниот сопруг.

Малку подоцна, Макрон ја поздрави принцезата Кејт и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, на аеродромот. Тој ѝ ја бакна раката, што очигледно ја изненади принцезата. Многумина се прашуваа дали Макрон го прекршил кралскиот протокол, но се покажа дека не е така зашто нема строги правила за однесување при средби со членови на кралското семејство.

 

Loading