Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека руските власти немаат потврда за тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп во 2024 година се заканувал дека ќе ги „бомбардира“ Москва и Пекинг.
„Дали е тоа точно или не – ние не знаеме. Денес има многу лажни информации, често повеќе се лажни отколку вистински“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање за автентичноста на овие изјави, пренесуваат Риа Новости.
Според аудио-снимка што ја доби CNN, Трамп тврди дека му рекол на Путин: „Ако влезеш во Украина, ќе ја разнесам Москва со бомби. Немам избор.“ Иако Путин бил скептичен, Трамп вели дека му верувал барем 10 отсто.
Трамп исто така нагласи дека слична закана упатил и до кинескиот претседател Си Џинпинг, предупредувајќи дека САД ќе го бомбардираат Пекинг доколку Кина нападне на Тајван.
![]()

