Извори од ултраортодоксните партии изјавиле за весникот Haaretz дека доколку во следните часови не биде поднесен нацрт-закон за ослободување на мажите од харејдската заедница од задолжителната воена служба во израелската армија (IDF), тие ќе ја напуштат владината коалиција предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Во тек се интензивни преговори во домовите на религиозните лидери, а според извори, претседателот на партијата Шас, Арије Дери, стои зад иницијативата, но се обидува од сенка да ја турка партијата Обединет торајски јудаизам (United Torah Judaism) да ја води постапката, за да избегне вина за евентуален пад на десничарската влада.
Двете ултраортодоксни партии располагаат со 18 пратеници, и нивното повлекување би можело сериозно да ја разниша владината коалиција.
Прашањето за регрутација на ултраортодоксните Евреи е долго време отворено и дополнително се влоши со избувнувањето на војната во Газа. Претходните обиди на Нетанјаху да го прошири опфатот на задолжителната воена служба не беа успешни, а новиот обид може да биде кобен за неговата влада, предупредуваат извори.
![]()

