Трамп му дал 50 дена на Путин за мир во Украина: Москва молчи

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно му поставил ултиматум од 50 дена на рускиот лидер Владимир Путин за постигнување мировен договор за Украина, пренесуваат странските портали, повикувајќи се на Ројтерс и извори блиски до Кремљ. Притоа, Трамп најавил и нови трговски мерки како притисок врз Москва.

Путин избегнува да ги прифати клучните барања, пред сè повлекување од Украина, што укажува дека притисокот на Трамп засега не дава резултати.

Од топол однос до судир, релацијата Трамп-Путин претрпе пресврт. Трамп сега ја гради реториката на „страната на човештвото“, додека Путин останува цврст во воените цели. Дел од аналитичарите сметаат дека Кремљ го користи имиџот на Трамп на „мировен посредник“ за добивање време.

И покрај сличностите во политичкиот стил, двајцата лидери очигледно немаат иста визија за иднината на Украина. Светските медиуми, како Вашингтон пост и Гардијан, се скептични за ефектите од Трамповата стратегија и предупредуваат на неговото површно разбирање на конфликтот.

Иако 50-дневниот ултиматум сè уште не е потврден во официјални извештаи, темата сè почесто се анализира во меѓународните безбедносни кругови.

Loading