Во авион на летот на „ИзиЏет“ од Лутон до Глазгов се случи драматичен инцидент кога еден патник почна да се заканува дека има бомба, а ситуацијата предизвика голема паника меѓу патниците и екипажот.
Според сведоштва, мажот излегол од тоалет со кренати раце извикувајќи „Алаху акбар“ и „Имам бомба“, а потоа почнал агресивно да се однесува кон вработените во авионот. Во тој момент, еден храбар патник, за кој подоцна се дозна дека е Србин, успеал да го совлада и да го собори на под, додека другите патници му притрчале во помош.
View this post on Instagram
На видеоснимката која се прошири на социјалните мрежи, се слуша моментот на совладување, проследен со карактеристична пцовка на српски јазик, што укажува дека станува збор за патник од Србија.
Очевидци раскажуваат дека по првичната збунетост, кога мажот ги туркал членовите на екипажот, атмосферата во авионот се променила во целосна паника, а пасошот и личните документи на напаѓачот упатуваат дека се работи за индиски државјанин со статус на бегалец.
По инцидентот, пилотот одлучил веднаш да слета во Глазгов. По слетувањето, авионот бил пречекан од полиција која го уапсила напаѓачот. Стјуардесите, иако потресени, постапиле исклучително професионално, го провериле багажот на осомничениот и утврдиле дека не поседува никаков експлозив. Дел од патниците биле видно вознемирени, а некои плачеле од шок.
Од авио-компанијата „ИзиЏет“ потврдија дека на летот EZY609 еден патник бил отстранет поради агресивно однесување. Во соопштението се додава дека нивниот екипаж е обучен за справување со вакви ситуации и дека безбедноста на патниците и екипажот секогаш им е приоритет.
![]()

