Зеленски воведува нов закон за регрутирање лица во војска над 60 години

Во обид да се справи со сериозниот недостиг на војници поради војната со Русија, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша нов закон кој овозможува регрутирање лица над 60 години во украинската армија. Новата регулатива им дозволува на граѓаните постари од 60 години да служат како доброволци на не толку опасни позиции, под услов да ги поминат медицинските прегледи и да бидат прифатени од воените власти.

По успешното минување на контролите, овие доброволци ќе поминат двомесечен пробен период, за да се оцени нивната способност да ја извршуваат одредената служба. Интересно е што законот не поставува горна граница на возраста за овие волонтери.

Украина веќе неколку месеци се соочува со критичен недостиг на војници, особено на источната фронт линија и на северните гранични региони како што е Суми, каде руските сили отвориле нови фронтови. Воените власти претходно презедоа низа мерки за привлекување на млади регрути, меѓу кои и намалување на возрастната граница за задолжителна воена служба од 27 на 25 години и нудење финансиски стимули за лица од 18 до 24 години, но без значителен успех.

Во моментот во Украина е на сила воен закон кој забранува мажи да ја напуштат земјата, освен во исклучителни случаи. Многу од нив се обидуваат да избегнат регрутирање со тоа што не излегуваат од дома или пак плаќаат големи суми пари за нелегално да ја напуштат земјата, често ризикувајќи ги животите.

Loading