Предупредување за цунами што ќе ги погоди Хаваите – наредена итна евакуација на крајбрежните подрачја

Пасифичкиот центар за предупредување на цунами (PTWC) соопшти дека брановите на цунами веќе го погодија сојузниот американски државен архипелаг Хаваи, при што е наредено итно преземање мерки за заштита на човечки животи и имот.

Според првичните информации, водата почнала брзо да се повлекува во заливот Ханалеј на островот Кауаи – класичен знак на пристигнување на цунами. Локалните власти повикаа на итна евакуација на крајбрежните области.

Градоначалникот на Хонолулу, Рик Блангиарди, на претходен брифинг изјави дека градот е под целосно предупредување за цунами и апелираше до жителите во ниските делови итно да се упатат кон повисоки терени.

Во меѓувреме, CNN објави дека првите бранови на цунами веќе пристигнале и до Алјаска, а се очекува да погодат и други делови од САД во наредните часови.

Ситуацијата се развива, граѓаните се повикуваат да ги следат инструкциите на надлежните служби и да останат на безбедна оддалеченост од брегот.

Loading