Разорен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтер ја погоди руската Камчатка и предизвика серија цунами-бранови не само во тој регион, туку и околу островот Сахалин.
„Според нашите анализи, на одредени делови од крајбрежјето на Камчатка, висината на цунами брановите би можела да достигне од 10 до 15 метри“, изјави Игор Медведев, раководител на лабораторијата за цунами при Институтот за океанологија на Руската академија на науки.
Моделите базирани на нумерички симулации покажале дека највисоките бранови се очекуваат во близина на епицентарот, односно, долж југоисточниот брег на Камчатка и Северните Курилски Острови.
„Сведоштва од очевидци укажуваат дека на неколку места на Камчатка, како и во близина на селото Северо-Курилск, цунами-брановите веќе надминале висина од шест метри“, додава Медведев.
Центарите за следење на цунами веќе активираа тревога и повикаа на итна евакуација на населението од потенцијално загрозените крајбрежни подрачја.
![]()

