Конечно се огласи Бајден: „Ова е темна епоха за американскиот народ“

По подолг молк, поранешниот американски претседател Џо Бајден се огласи со драматичен говор во Чикаго, предупредувајќи дека САД се соочуваат со „мрачна епоха“ под водство на Доналд Трамп. Без да го именува директно, Бајден го нарече „тој тип“ и оцени дека извршната власт работи на уривање на Уставот, со поддршка од Конгресот и Врховниот суд.

Во својот говор на Годишната конференција на Националната адвокатска комора, Бајден посочи дека американскиот народ конечно почнува да сфаќа колку е важна правдата, законот и уставниот баланс. Тој ги критикуваше правните фирми кои се повлекуваат пред политичкиот притисок, како и медиумите што не застануваат цврсто зад вистината.

Бајден исто така ја обвини сегашната администрација дека се обидува да ги избрише сите достигнувања од неговото време како претседател и дека нападите врз правдата и еднаквоста стануваат сè поочигледни.

„Ова се темни времиња, но мораме да останеме цврсти, затоа што иднината ни виси на конец“, изјави Бајден, кој и натаму се лекува од агресивен облик на рак на простата и ретко се појавва во јавност.

Loading