Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, ја нарече состојбата во Појасот Газа „неподнослива“ и најави дополнителни 5 милиони евра хуманитарна помош.
Тој предупреди дека однесувањето на Израел може да доведе до негова понатамошна дипломатска изолација, нагласувајќи ја итноста од прекин на огнот и договор за ослободување на заложници.
Според него, потребно е итно подобрување на состојбата на теренот, бидејќи „светот гледа“. Канцеларот Фридрих Мерц најави дека владата наскоро ќе одлучи за следните чекори, додавајќи дека ситуацијата е „неприфатлива“ и мора итно да се реши.
Конфликтот започна со напад на Хамас врз Израел во октомври 2023 година, по што следеше израелска офанзива во која загинаа над 60.000 лица во Газа. Газа сега се соочува со голема закана од глад.
![]()

