Украински дрон удри во складиште за гориво, ситуацијата се вжештува, забележани експлозии и во близина на нуклеарна централа.
Во раните утрински часови, украински напад со дронови предизвикал голем пожар во складиште за нафта во рускиот град Сочи, соопштија локалните власти. Според гувернерот на регионот Краснодар, Вениамин Кондратјев, пожарот зафатил резервоар со 2.000 кубни метри гориво, а повеќе од 120 пожарникари се ангажирани на терен. Летовите од аеродромот во Сочи се привремено запрени.
More from russian Sochi🔥👀 pic.twitter.com/3ExP70dNJE
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) August 3, 2025
Сочи, познат како домаќин на Зимските олимписки игри во 2014 година и поранешна летна резиденција на Путин, ретко бил цел на напади. Но, овој инцидент следи по сличен дронски напад минатиот месец кога, според руските власти, загина една жена.
Во истиот период, во регионот Вороњеж, друг украински дрон повредил една жена и предизвикал неколку пожари, додека Киев бил мета на нов ракетен напад од Русија.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) регистрирала експлозии и чад во близина на нуклеарната централа Запорожје. Според директорот Рафаел Гроси, екипата на агенцијата слушнала гранатирање и забележала видлив чад. Иако објектот е околу 1.200 метри оддалечен од централата, Гроси повторно повика на максимална воена воздржаност во таа зона поради ризиците од нуклеарна несреќа.
Во текот на ноќта, руски ракети удриле врз јужниот украински град Миколаив, при што се оштетени приватни куќи и инфраструктура. Тројца цивили се хоспитализирани, а неколку други се здобиле со полесни повреди. Градот, кој се наоѓа на 480 км од Киев, е честа мета на артилериски и дронски напади, што значително го отежнува секојдневниот живот на населението.
![]()

