Неверојатни снимки: Моментот на драматична ерупција на рускиот вулкан, првпат по 600 години (Видео)

Неколку неверојатни снимки го документираат драматичниот момент кога вулканот Крашеников во Русија експлодираше, за првпат во последните 600 години.

Вулканот се активираше на полуостровот Камчатка, регион што неодамна беше погоден од силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени, што доведе до издавање предупредувања за можни цунами во Јапонија, делови од САД и Филипините, пренесуваат странските медиуми.

За време на ерупцијата вулканот исфрли облак од пепел висок околу 9.000 метри во небото.

По ерупцијата, издаден е „црвен авијациски аларм“, со што пилотите кои летаат над регионот беа предупредени за потенцијално опасни услови за авионскиот сообраќај над источна Русија.

„Ова е првата историски потврдена ерупција на вулканот Крашеников по 600 години“, изјави Олга Гирина, раководителка на Единицата за реакција на вулкански ерупции при Камчатскиот институт, за руската новинска агенција РИА.

Според научните податоци, последната можно регистрирана ерупција се смета дека се случила околу 1436 година, во период од 80 години, по што немало никакви активности.

Министерството за вонредни ситуации на Русија издаде препорака до граѓаните и туристите да не се приближуваат до подрачјето околу вулканот.

Loading