Торнадо предизвика паника на плажа кај Рим: Чадори и предмети во воздух, туристи избезумено бегаа (Видео)

Туристи и мештани во летувалиштето Макарезе, северно од Рим, беа затекнати од торнадо што го погоди крајбрежјето во неделата попладне.

Силниот ветер подигаше чадори и песок во воздух, додека луѓето трчаа со личните работи во раце, барајќи засолниште.

Една жена се здобила со полесни повреди и добила медицинска помош. Во исто време, на другата страна на Италија, во делтата на реката По, беа снимени два џиновски водени виори кои се споиле за време на невремето.

Италијанските власти издадоа предупредувања за нестабилно време, додека Европа се соочува со серија екстремни временски услови.

Loading