Кремљ потврди: Путин и Трамп ќе се сретнат „во наредните денови“

Средбата помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се одржи „во наредните денови“, пренесува руската новинска агенција IFAX, повикувајќи се на изјава од советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Според Ушаков, постигнат е договор меѓу двете страни и работата на деталите е веќе започната.

„Сите страни почнаа да ги усогласуваат деталите“, пренесува Скајњуз.

Ушаков додаде дека е постигнат и договор за локацијата на средбата, која ќе биде објавена подоцна.

Интересно е што, според него, специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, за време на средбата со Путин во средата, предложил можност за трилатерална средба помеѓу Путин, Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„На предлог на американската страна, во принцип е договорено одржување билатерален самит во наредните денови, односно средба меѓу претседателот Владимир Путин и Доналд Трамп“, изјави Ушаков.

Иако е можно средбата да се одржи веќе следната недела, Ушаков предупреди дека сè уште не е потврдено колку ќе траат подготовките.

Да потсетиме, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека неодамна имал телефонски разговор со Доналд Трамп, кој следуваше по посетата на специјалниот пратеник Стив Виткоф во Москва.

Зеленски тогаш порача:

„Нашиот заеднички став со партнерите е апсолутно јасен: Војната мора да заврши, и тоа со искреност.“

Loading