Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Кабинетот за безбедност го одобрил „предлогот на премиерот за пораз на Хамас“.
Според изјавата, Израелските одбранбени сили ќе се подготват за преземање целосна контрола врз Газа, додека хуманитарна помош ќе се доставува до цивилното население надвор од зоните на борбени дејствија.
Кабинетот за безбедност истовремено усвоил пет основни принципи за завршување на војната:
Разоружување на Хамас;
Враќање на сите заложници – и живи и починати;
Демилитаризација на Појасот Газа;
Израелска безбедносна контрола над територијата;
Формирање на алтернативна цивилна администрација која нема да биде ниту под Хамас, ниту под Палестинската самоуправа.
Планот на Нетанјаху веќе наиде на остри реакции, како во самиот Израел, така и од меѓународната заедница, каде што постојат сериозни предупредувања за можни последици од целосно заземање на Газа.
![]()

