Од 12 октомври 2025 година, Европската унија ќе започне со примена на новиот Дигитален систем за влез и излез (EES) во земјите од ЕУ, кој целосно ќе го замени досегашниот печат на пасошите. Промената важи за сите државјани на земјите кои не се членки на ЕУ, меѓу кои се и жителите на Македонија.
Наместо печат – биометриска идентификација
При секој влез или излез од Шенген-зоната, патниците ќе поминуваат низ биометриска проверка која вклучува:
фотографирање на лицето,
земање отпечатоци од прсти,
дигитална регистрација на лични податоци и информации за патувањето.
Овој систем има за цел модернизација на граничната контрола, побрза проверка на патниците и спречување злоупотреба на документи или прекорочување на дозволениот престој.
Хрватска прва ќе го примени системот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Хрватска, додавајќи дека системот е технички подготвен и ќе се применува на сите меѓународни гранични премини, вклучително и кон Србија и БиХ. Тоа значи дека од 12 октомври, сите патници од регионот кои влегуваат во ЕУ преку Хрватска ќе ја поминуваат новата процедура.
Властите предупредуваат дека можно е создавање гужви, особено во туристичката сезона, поради дополнителното време потребно за регистрирање на биометриските податоци.
![]()

