Вчера, западна Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степен, со епицентар во округот Синдрѓи, провинцијата Балкесир. Според Агенцијата за управување со вонредни состојби, потресот се случил на длабочина од 11 километри.
Министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, соопшти дека 81-годишен маж починал по извлекувањето од урнатини, откако им подлегнал на повредите. Уште 29 лица се повредени, но нивните животи не се во опасност.
Првичните процени покажуваат дека се урнати 16 објекти во 68 населени места, а регистрирани се и бројни последователни потреси.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган упати сочувство до погодените семејства и најави дека ќе ја следи ситуацијата и мерките за помош на настраданите.
![]()

