Пилот на авиокомпанијата Изи-џет (EasyJet) е суспендиран откако гости во луксузен хотел на Зеленоортските Острови го затекнале во раните утрински часови целосно гол и очигледно пијан како шета низ ходниците.
Инцидентот се случил околу 2.30 часот по полноќ, кога пилотот поминал низ рецепцијата, барот, теретаната и спа-центарот на хотелот угол гол, предизвикувајќи шок и згрозеност кај присутните.
Според сведоци, тој пристигнал од Велика Британија претходниот ден и вечерта ја поминал во интензивно консумирање алкохол. Следниот ден попладне требало да го пилотира летот за враќање во Велика Британија, но по пријавата веднаш бил повлечен од должност. Компанијата итно обезбедила замена за летот.
Од Изи-џет соопштија дека безбедноста на патниците и екипажот е апсолутен приоритет и дека е започната внатрешна истрага за утврдување на сите околности поврзани со случајот.
![]()

