Необичен космички настан се случи во американската сојузна држава Џорџија, каде што метеорит удри во покривот на семејна куќа во градот Мек Донаф. Според научниците, карпата од вселената е постара од самата Земја.
Метеорскиот објект влегол во атмосферата и блеснал низ небото сред бел ден на 26 јуни, по што експлодирал. Настанот бил регистриран од НАСА, а бил забележан од стотици очевидци кои пријавиле гласен татнеж и светлосен блесок.
Истражувачи од Универзитетот во Џорџија ги анализирале фрагментите што го пробиле покривот на куќата. Резултатите покажале дека метеоритот се формирал пред повеќе од 4,6 милијарди години, што значи дека е постар и од самата планета Земја.
#Breaking
Meteor CRASHES into Earth in BROAD DAYLIGHT!▪️A geologist says a meteorite fragment that smashed through a man’s roof in #Henry_County, #Georgia, is older than #Earth itself.pic.twitter.com/mrcxjIzS60#USA
▪️A massive fireball, seen by thousands across multiple…— ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) August 9, 2025
„Овој специфичен метеор, пред да стигне до Мек Донаф, имал патување долго милијарди години низ вселената“, изјави геологот Скот Харис од Универзитетот во Џорџија.
Сопственикот на куќата вели дека и денес, недели по ударот, сè уште наоѓа честички космичка прашина околу својот дом.
Настанот предизвика голем интерес кај научната заедница, но и кај јавноста, бидејќи вакви директни удари на метеорити врз живеалишта се исклучително ретки.
![]()

