Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, потврди дека претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот лидер, Владимир Путин, ќе одржат директни разговори за завршување на војната во Украина. Средбата е закажана во Енкориџ, најголемиот град во Алјаска.
„Претседателот Трамп е решен да се обиде да ја запре оваа војна и да ги прекине убиствата,“ изјави Левит.
Разговорите ќе се одржат во луксузниот Алијеска ресоср (Alyeska Resort), сместен во живописните планини во близина на селото Гирдвуд. Локацијата, опкружена со спектакуларна природа и обезбедена со максимална приватност, нуди идеални услови за вакви дипломатски состаноци.

Комплексот располага со три претседателски апартмани, модерно опремени и дизајнирани за максимална удобност. Во близина има мал аеродром за лесен пристап на специјалните гости.
Според информации објавени од некои медиуми, токму Путин побарал лична средба со Трамп. Засега не е познато зошто украинскиот претседател Володимир Зеленски не е поканет, иако тој порача дека без Украина „нема договор со Русија“.
Alyeska Resort, според дипломатски извори, е внимателно избран како безбеден и стратешки неутрален терен за разговорите, кои би можеле да имаат историско значење.
![]()

