Неочекуван потег: Хилари Клинтон подготвена да го номинира Трамп за Нобелова награда за мир, но под еден услов

Поранешната американска државна секретарка и долгогодишна политичка противничка на Доналд Трамп, Хилари Клинтон, изјави дека би го номинирала за Нобелова награда за мир доколку успее да ја заврши војната во Украина без Русија да добие територија.

Клинтон нагласи дека клучно е да не се дозволи „капитулација пред Путин“, додавајќи дека ако Трамп стане архитект на мирот, тоа би било историски потег.

Оваа изненадувачка изјава на Хилари Клинтон доаѓа додека Трамп патува кон Алјаска за историски разговори со Владимир Путин, со надеж да стави крај на трогодишниот конфликт со Украина.

Loading