Еден момент од вчерашниот состанок во Белата куќа предизвика особено внимание. Додека мислеше дека не е снимен, односно дека е надвор од опсегот на микрофоните, американскиот претседател Доналд Трамп беше „уловен“ како му зборува на францускиот претседател Емануел Макрон:
„Мислам дека сака да постигне договор заради мене. Разбирате ли тоа? Колку и да звучи лудо,“ се слуша на аудиоснимка што ја објави Си-ен-ен, снимена во понеделникот во Белата куќа.
Според Си-ен-ен, Трамп во Вашингтон разговарал со повеќе европски лидери, меѓу кои и со Макрон, за можниот крај на војната во Украина.
Американскиот претседател подоцна изјави дека го прекинал состанокот за да стапи во контакт со Владимир Путин.
„На крајот од состаноците го повикав претседателот Путин и започнав подготовки за средба, на место што ќе биде дополнително утврдено, меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски,“ порача Трамп преку својата мрежа Трут сошал.
![]()

