Европските лидери работат на план за конкретни безбедносни гаранции за Украина, со можност околу десет земји да испратат свои трупи како дел од идно мировно решение.
Според странските новински агенции, во дискусиите се разгледува ангажирање на британски и француски сили, при што би се стационирале далеку од фронтот.
Во првата фаза би се засилила украинската армија со обука и поддршка, а потоа би следела многунационална мисија.
Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД нема да испраќаат свои војници на терен, но дека ќе помогнат со разузнавачки податоци, вооружување и можеби воздушна одбрана. Белата куќа нагласи дека гаранциите се „клучни за траен мир“.
Во наредните денови, европски и американски воени претставници ќе ги усогласат деталите, а се очекува Британија и Франција да бидат првите кои ќе испратат стотици војници во Украина.
Кремљ веќе ја отфрли можноста за присуство на НАТО-трупи во Украина, нагласувајќи дека Киев треба да се откаже од контролата врз окупираните територии.
![]()

